петок, јануари 13, 2006

Амедео Пагани, италијански продуцент и сценарист за „Коски“ на Милчо Манчевски


Од Утрински Весник

Филмот 'Коски" е поместен меѓу животот и смртта

Амедео Пагани е голем италијански и светски продуцент кој со задоволство влезе во новиот проект на Милчо Манчевски. Пагани деновиве беше во Скопје заедно со продуцентите од Германија, Бугарија и Шпанија за да ги финализираат копродуцентските договори. Интересно е дека Пагани сакал да работи и на "Прашина", но тоа било голем залак за него. Инаку Пагани е човек кој работел и работи со некои од најинтересните имиња на филмот воопшто, како Роберт Алтман, големиот грчки режисер Тео Ангелопулос, моментно најинтересните азиски автори Такеши Китано, Ху Хсиао Хсиен и Вонг Кар Ваи, со Вим Вендерс, Лив Улман и уште многу други.