недела, јануари 08, 2006

Нападнат писоарот на Дишан


Фонтаната на Дишан од 1917, една од осумте копии потпишано од авторот во 1964, пред некој ден била нападната во парискиот Помпиду Центар. Писоарот потпишан од Дишан е прогласен за највлијателно уметничко дело во 20 век од Британската уметничка заедница. Напаѓачот, 76 годишен самопрогласен уметник, за нападот со чекан рекол дека представува уметничко дело кое би му се допаднало на Дишан. Писоарот бил оштетен но е однесен на поправка.
Ова е втор напад врз писоарот од страна на истиот напаѓач. За разлика од сега во 1993 напаѓачот уринирал врз писоарот.
Мислам дека напад со чекан врз уметничко дело, па макар и на дадаист, како што Дишан во тоа време бил, е далеку од уметнички акт. Што се однесува до уринирањето, според мене тоа е сосема во духот на дадаистите и представува акт на уметност.
Дишан со изложувањето на писоарот сакал да го укине владеењето на ретиналната уметност и да ја постави идејата како центар на уметноста. Уринирањето би значело дека пораката на Дишан е разбрана а писоарот е искористен за неговата вистинска намена. Мислам дека на Дишан би му се допаднал актот на напаѓачот - уметник. Можеби најмногу затоа што Фонтаната е проценета на 2 милиони евра.