Зората на човекот
"November 20, 1965. Went to Natural History Museum to see Dr. Harry Shapiro, head of Anthropology, who took a poor view of Ardrey. Then had a session with Stan, arguing about early man's vegetarian versus carnivorous tendencies. Stan wants our visitors to turn Man into a carnivore; I argued that he always was. Back at the Chelsea, phoned Ike Asimov to discuss the biochemistry of turning vegetarians into carnivores."
Извадокот е од дневникот на Артур Кларк кој го водел за време на пишувањето на сценариото на Одисеја 200 во врска со прашањето дали човекот биј месојадец отсекогаш или прво бил вегетеријанец, што поради формата на забите обично се смета. Пред некој ден случајно размислував околу тоа прашање имајќи ја во глава сцената со човеколиките мајмуни од Одисеја 2001 (имам вишок време деновиве). Која е врската меѓу човечката еволуција во цивилизирано суштество и убивањето? Тргнувајќи од таму дојдов до мислење дека секојдневно живееме со следниот парадокс: денешниот цивилизацискиот разум доаѓа од развивање на способноста за убивање, вклучувањето на месото во менито на човеколикиот мајмун и правењето алатки кои му помагаат во убивањето.

Првиот дел од Одисеја 2001, со наслов Зората на човекот, е едно од можните објаснувања за појавата на човечката свест. Човеколикиот мајмун (Астралопитекус), кој во книгата е наречен Moonwatcher, го допира монолитот (допирот со создавачот) и добива повисока свест за својата улога на Земјата. Во следната сцена (онаа со кршењето на коските и Штраусовата Also sprach Zarathustra) Moonwatcher открива како коската може да биде употребена за убивање за храна и одбрана. Мајмунот, сега најаден со похранлива храна, наоружан (Коската е оружјето/алатката/технологијата) е спремен за борба и освојување на природата.
Месото од убиени животни како храна освен протеини внесува адреналин кој не држи наоштрени за секојдневни битки и витамин Б12, потребен за да нервните влакна бидат заштитени од дегенеративни процеси кои предизвикуваат непоправлива штета на нервниот систем во случај на недостаток или со други зборови го држи на земја. Јадењето месо, освен развивање на инстинктот за убивање, на прачовекот му носи и потреба за изработка на алатки за убивање. Излегува дека усовршувањето на ловот по месо го држи човекот разумно и цивилизирано агресивен, дистанциран на врвот на еволутивната скала. Алатките кои му помагаат поефикасно да лови и убива се основата врз која денешната технолошката цивилизацијата е изградена: војни, уништување и освојување и оружје .
Од денешна гледна точка, на психологијата на месојадните луѓе психологот Melanie Joy гледа вака:
In my own research, I found that certain ways of thinking support carnism. Interviewing carnists (meat eaters) and meat cutters, I learned that, in order to eat or process the bodies of other animals, individuals needed to use a degree of "psychic numbing"-the separation of thoughts from feelings and of beliefs from practices.
Каде би биле денес без одвојување на разумот од чувствата?
1 Comments:
sto znaci porakata od tekstot deka e korisno toa ili pak jas smetam deka da ne go doprel monolitot ete nemase da go dobie t.e da ja dobie hrabrosta da ubiva,i sto znam sto mora li nie da bideme superiorni na zemjava, nie se uste ne znaeme od kaj sme koi sme i nakade odime..dali sum jasna, seuste ziveeme so stravot na moonwatcherot..mislam deka ne sme trebale da go dopreme toa monolitot a so toa moze evolutivniot pat ke bil pospor ali ke odel vo cekor psihata emociite i duhot...vaka mi se cini deka od taa id faza covestvoto otislo prebrzo vo taka nataka...
Објави коментар
<< Home