вторник, декември 13, 2005

Anemic Cinema


Добре дојдовте на блогот Anemic Cinema.

Името е превземено од насловот на единствениот филм режиран од Марсел Дишан, француско/американски уметник и шахист, зачетник на концептуалната уметност.
Ми се вртеше низ глава неколку години, а последниве недели ми се врза со случувањата околу одредена организација на луѓе па си реков ај да го извадам на овој начин.
Инаку Анемик Синема е 6 минутен експериментален нем филм во кој се вртат хипнотички кругови со спирален текст на нив, т.н. роторељефи. Насловот е делумно палиндром, збор кој се спелува исто однапред и наназад. Темата е проблемот 2 на два слични објекти прикажан преку игри со зборови. Сите игри со зборови ја повторуваат акцијата на роторељефите лингвистички. Објаснувањето е превземено од првиот линк подоле, кој сака да дознае повеќе за Марсел Дишан нека го види вториот линк подоле (го препорачувам делот за Големото Стакло).
Дишан е супер и заради користење на хуморот не само како естетска компонента туку и како подсетување дека се е подложно на хумор, од живот, традиции, авторитети, уметност па се до реалност.

Мислам дека реалноста се наоѓа некаде помеѓу меѓусебните интеракции. Затоа овој блог би требало да биде точка на пресек на различни мислења, реинтерпретирање на идеи во нови контексти, вадење на нови идеи, интереси, линкови, и коментари и хуморизирање на сето тоа. Се надевам дека од сето ќе произлезе креативен акт. Верувам дека стварноста на креатвниот акт na ќе се случи само ако сите сите ние учествуваме, физички или виртуелно.





1. http://www.toutfait.com/duchamp.jsp?postid=1570&keyword=

2. http://www.understandingduchamp.com

2 Comments:

Blogger Darko156 said...

Фала за поканата за учество во блогов, ама мене ми требаат повеќе информации како јас би мозел тука да помогнам?
Или да се најдам себе си?!?
ПОЗДРАВ

петок, декември 16, 2005 9:28:00 претпл.  
Blogger kristofer said...

Па понекој пост и коментар од тебе би биле повеќе од добредојдени. Тематски - се во рамките на твоите интереси.

недела, декември 18, 2005 3:26:00 попл.  

Објави коментар

<< Home